Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, денеска во парламентот ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави МИА од Атина.
Мерките и превенцијата од коронавирусот во Грција, донесоа промени во предвидените манифестации за примо – предавањето на функцијата. Па така, на свечената заклетва во Парламентот, наместо 1000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре.