Од 15 март институциите во Приштина треба да почната со постепеното укинување на таксите на српски и стоки од Босна и Херцеговина, најави новиот косвски премиер Аљбин Курти. Оваа одлука за укинување на таксите треба да ја усвои косовската влада, објави „РТС“.
Во наредниве три дена косвоската влада ќе треба да заседава ако има намера да ги испочитува најавите на премиерот Курти дека од 15 март ќе почне постепеното укинување на таксите. Ако то не се случи до крајот на неделава, одолговлекувањето ќе продолжи.
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, вчера побара од Аљбин Курти целосно укинување на таксите, за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. Покрај Брисел и Вашингтон е со истото барање до Приштина. Курти е во доведен во ситуација кога има мал простор да маневра за да ги избегне обврските кои се однесуваат на укинувањето на данокот на српската стока.