Корејскиот центар за контрола и превенција на болести КЦДЦ забележа 110 нови случаи на коронавирус во петокот, во однос на 114 претходниот ден. Сè на сè има 7.979 заразени лица во Јужна Кореја, со 70 мртви. Но, КЦДЦ, исто така, објави дека 177 пациенти се пуштени од болницата по изолација и третман. Ова е првпат бројот на заболени лица да е поголем од бројот на новозаразени од избувнувањето на заразата во оваа азиска земја на 20 јануари.
Најновите бројки се во согласност со трендот на падот на нови случаи, што ја засилува надежта дека борбата против епидемијата во таа земја е успешна.
Шефот на KCDC Jeонг Еун-кјонг изјави дека овој тренд се очекува да продолжи.