Чешката влада ќе побара од луѓето кои се враќаат од сите земји со висок ризик да се изолираат, напиша на „Твитер“ чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петшичек.
Досега, прецизира тој, барањето се однесуваше само на лица кои се враќаат од Италија, пренесува Ројтерс.
Проширениот список на 15 земји со висок ризик ги вклучува Германија и Австрија, додаде тој.
Петшичек потврди дека на списокот спаѓаат и САД, Јапонија и Грција.