Ден по стапувањето на сила на мерките по прогласувањето на епидемија на коронавирус, замре социјалниот живот во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Најголем дел од школите и градинките не работат, сите културни настани се откажани, библиотеките, фитнес и спортските центри се затворени, а откажани се и сите спортски настани. Од денес нема да вози ни популарниот зелен електричен воз низ Љубљана.
Кабелските телевизиски оператори за граѓаните отворија голем број телевизиски канали, за да мотивираат да останат дома.
Инаку, во очекување на денешните нови бројќи на заразени лица за кој се претпоставува дека сигурно ќе бидат над 100, од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана информираат дека во повеќе клиники се ослободуваат места за евентуалниот голем прилив на лица заразени со коронавирусот.
Од синоќа и целосно е затворена границата со соседна Италија, а забраната за влез важи и за товарните возила.