Италијанскиот актер Лука Франчезе (43) ги шокираше пријателите и обожавателите на социјалните мрежи, откако објави вознемирувачко видео во кое на креветот зад него починала неговата сестра Тереза (47).
Актерoт познат по италијанската криминалистичка серија „Гомора“ тврди дека таа починала во својот дом во Неапол и ѝ бил дијагностициран коронавирус. Тереза беше погребана без присуство на семејството.
„Луѓе, пропаднавме. Италија нè напушти. Мојата сакана сестра почина, најверојатно поради вирус и чекам одговори“, рече тој во едно од многуте видеа што ги објавува.
Само еден ден подоцна, тој открил дека уште тројца членови на неговото семејство биле заразени со вирусот.
„Кошмарот продолжува. Ве молам некој да ме разбуди од овој лош сон“, рече тој. Актерот тврди дека неговата сестра страдала од епилепсија и била тестирана за коронавирусот бидејќи тој тоа го сакал.
По резултатите од тестот, целото семејство на италијанскиот актер било ставено во изолација. Откако видеото на Лука се рашири на интернет, вработените од погребално претпријатие дошле во неговиот дом и се погрижиле за телото на починатата сестра.