Јапонскиот премиер доби овластувања неопходни за борба против ширењето на Ковид-19

Јапонскиот Парламент денеска донесе закон со кој му се овозможува на премиерот, за време на вонредна состојба, да ги затвори училиштата, да забрани јавни собири и итно да набавува медицински материјали за борба против епидемии, во случајов новиот коронавирус.

Овој закон претставува изменета верзија на Законот од 2012 година, кој се изгласа по епидемијата на свински грип во 2009 година.

Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе апелираше за затворање на училиштата и откажување на големите јавни собири, но засега не беше во можност истото и да го маложи како задолжително.

Во Јапонија во моментов од Ковид-19 се заразени 1.400 лица, а 26 починаа од последиците од болеста. Дури 697 луѓе беа заразени на крузер, каде седуммина починаа.

Треба да знаете
Последни објави