Нема нови заразени во црвената зона во Италија

Две недели откако десет италијански градови прогласија црвена зона, во нив по првпат нема нови заразени луѓе, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Во Италија досега се заразени 15.113 луѓе, а од нив за жал 1.016 починаа од коронавирус. Откако италијанската влада воведе драстични мерки и затвори бројни продавници, кафулиња, ресторани и фризерски салони, го ограничи движењето, се чини дека мерките конечно даваат првични резултати.

Инаку, во Италија досега од коронавирус се излекувани 1.258 луѓе, а бројот на заразени од средата наваму порасна за 2.651.

Италијанците очекуваат дека резултатите од рестрикциите ќе се видат за околу две недели, како и дека досега ширењето на коронавирусот би требало да биде под контрола, посебно во градовите надвор од иницијалната „црвена зона“.

На санирање на последиците од коронависурот, како што пренесува Би-би-си, Италија ќе потроши околу 28 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави