По ЕХФ и СЕХА-лигата ги одложи натпреварите

По ЕХФ и СЕХА ги откажаа активностите предвидени викендов околу одигрувањето на натпреаврите. На денешниот редовен прес пред мечевите од регионалната СЕХА-лига, кој Вардар требаше да го одигра со хрватскиот Нексе в недела од раководството на регионалниот првак  информираа дека нема истиот да се одржи.
-Само што пристигна информација дека натпреварот со Нексе е откажан. Стигна и од ЕХФ и нивните натпревари се откажани. Немаме дополнителни информации, само можеме да кажеме дека ги почитуваме насоките кои ги добиваме од државните институции и спортските организации –  изјави Давор Стојановски, извршниот директор на клубот.
Директорот на Вардар откри дека клубовите имале и состанок поради коронавирусот и немало да ги играат натпреварите и без да биде донесена одлуката на ЕХФ.
Треба да знаете
Последни објави