Кампањата на ДУИ се претвори во движење #СеГрижиме, активисти ќе им помагаат на старите лица

Бујар Османи од ДУИ денеска ја презентира новата телефонска платформа, со која на сите граѓани на Република Северна Македонија, ќе им се пружи поддршка за сите нивни основни потреби.

„Преку движењето #СеГрижиме, ДУИ ќе им пружи поддршка на сите граѓани кои според препораките на Владата, одлучиле да останат дома, во исчекување на надминување на една од најтешките пандемии во последните години. Додека чекаме да почне кампањата за Парламентарните избори, ДУИ одлучи да стави на располагање над 10 илјади нивни активисти, кои ќе им помогнат на граѓаните од најранливата категорија и кои најмногу имаат потреба од помош“, појасни Османи.

Волонтерите од движењето #СеГрижиме ќе бидат распределени во сите региони на Република Северна Македонија, за да им помогнат на старите изнемоштени лица или на тие кои поради други причини, одлучиле да останат дома.

„Сега е време за солидарност и да ги оставиме на страна политичките поделби и дневните политички битки“, рече Османи.

Телефонскиот број ставен на располагање за сите граѓани од понеделник е 0800 55 000.

Треба да знаете
Последни објави