УЕФА ќе направи измени кои ќе го сменат фудбалот на „стариот континент“

Ширењето на коронавирусот влијае на спортот, па и на најквалитетните натпреварувања во Европа. Според информациите на францускиот „Лекип“, УЕФА  ја разгледува можноста да направи измени на форматот на завршницата од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите, бидејќи одложувањето на натпреварите ќе влијае на заостанатите натпревари.

Како прва опција за изнаоѓање на решение во четвртфиналето и полуфиналето е да се игра по еден натпревар на неутрален терен. Тоа би го скратило времето и би ја намалила временска разлика за финиширање со завршницата од натпреварувањето. Другата опција е организирање на завршен турнир  од полуфиналето. Тоа би значело дека четирите најдобри екипи кои ќе разигруваат за титулата да играат на неутрален терен. Ваква завршница има кошаркарската Евролига.

 

 

Треба да знаете
Последни објави