Филипче: Не знае колку колку жени биле во странство за 8 март

Министерот за здрвство Венко Филипче на прес конференција изјави дека не знае колку жени биле надвор од замјава за 8-ми Март, иако  Филипче се обидел да дојде до таа информација.

-За жал не можеа да ни излеат во пресрет од Комората со тој податок, рече тој.

Како што е познато, неколку учителки и родителки на основци од Скопје и од Куманово, биле во Италија да го прослават денот на жената, 8 Март, ама неколку дена порано, а потоа дошле на настава во училиштата во понеделникот.

За тоа каква ќе биде состојбата со оние кои биле на симпозиумот во „Рагуса 360″ на кој предавање на околу 100 луѓе држала докторката Нина Цаца Биљановска, заболена од коронавирусот, Филипче рече дека состојбата се следи, но никој не може да ја знае прогнозата.

-Во однос за докторката не знам каква била комуникацијата со организаторот. Не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот кај оние кои биле на симпозиумот. Имаме 12 лиѓе кое биле 20 часа со пацинетка во минибус и никој не заболеле, а имеме и друга ситуација како оваа во Дебра каде има позитивни лица. Имате луѓе со висок, среден и низок ризик. Колку пати треба, толку пати ќе повториме, јавното здравје и врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките, рече Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави