Се откажуваат прославите за будистичка Нова година во некои делови од Азија

Земјите од  југоисточна Азија ги откажуваат или ограничуваат прославите за будистичка Нова година, закажани за во април, поради пандемијата од новиот коронавирус.

Во југоисточна Азија во средината на април обично се одржуваат најголемите ритуали како прскање со вода и карневали.

Меѓутоа, Мјанмар е првата земја во југоисточна Азија што ги забрани сите масовни собири што беа предвидени за да се одбележи празникот Тинѓан, најзначајниот настан во будистичката година Теравада, поради ширење на коронавирусот.

Камбоџа, Лаос и Тајланд исто така преземаа мерки, но се уште немаат воведено забрани.

„Со оглед на тоа што е многу лесно може да  се заразите од коронавирусот на прометни места, на граѓаните не им е дозволено да учествуваат на настани, фестивали и прослави на традиционалниот фестивал на вода во Мјанмар”, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Мјанмар и се додава дека ваквите настани и фестивали ќе бидат забранети до крај на април, а може и подолго.

Владата на Тајланд, каде до сега има 75 потврдени случаи со коронавирусот, ги повика граѓаните да не организираат фестивали и настани што вклучуваат прскање со вода. Наместо тоа, ги повика граѓаните да прослават на традиционален начин, во своите домови со семејството.

Во Бангкокг, исто така, се откажани сите активности поврзани со тајландскиот новогодишен празник Сонгкран за да се намали ризикот од коронавирусот.

Камбоџа ги откажа прославите во Сем Реап, каде има потврден прв случај од коронавирусот, додека Лаос ги повика гражаните да избегнуваат масовни собири

Треба да знаете
Последни објави