– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на новиот коронавирус, објавија западните медиуми.
Болсонаро е тестиран поради сомнеж дека е инфициран со Ковид-19, бидејќи минатиот викенд во Палм Бич во Калифорнија, каде бил на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп, во неговата делегација се наоѓал секретарот за односи со јавност Фабио Вајнгартен, кај кого вчера е потврдено дека е позитивен на коронавирусот.