– Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, изјави дека поради нестабилноста околу коронавирусот, американската економија ќе се врати во добра кондиција дури при крајот на 2020 година.
Во изјава дадена изутринава за Си Ен Би Си, Мнучин истака дека администрацијата разледува разни варијанти за акција во наредните денови и недели за намалување на економските штети од ширењето на вирусот.
Министерството за финансии и Федералниот систем на резерви работат на тоа да ги поддржат пазарите со овозможување на „ликвидност без ограничување”, изјави тој.
Истакна дека во тек се преговорите со демократите во Претставничкиот дом за комплекс на мерки против ширењето на инфекцијата.
– Се разгледуваат разни инструменти, рече Мнучин.
Според него, последиците од коронавирусот за американската економија ќе бидат краткотрајни, економијата ќе почувствува негативен ефект „можеби во текот на неколку месеци”.
Истакна дека покрај другите мерки, администрацијата размислува и можност да се замрзнат исплатите на ратите за студентски кредити и ослободување од одредени царини за компаниите кои настрадале од ширињето на вирусот.
Според него „значајно” оживување на економијата на САД се очекува при крајот на годината.