– Во големо невреме во Москва загина едно лице, а неколкумина се повредени, напиша на Твитер градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
– Ветрот со сила на ураган не не остави без последици. Едно лице загина, а неколку се повредени. Мое искрено сочувство до семејството, напиша Собјанин.
Тој апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба, предупредувајќи дека силниот ветер е многу опасен.
Министерството за вонредни ситуации ги предупреди граѓаните на опасност од уривање на покриви, градежни конструкции, поради ветрот, за кој е најавено дека ќе достигне брзина поголема од 25 метри во секунда.