„Редовното и транспаретно известување на граѓаните во врска со состојбата и мерките за заштита од ширење на коронавирус е исклучително важно, затоа што битката со пандемијата е заедничка исто како и одговорноста. Во известувањето клучен партнер ни се новинарите кои неуморно и доследно ги пренесуваат најновите информации поврзани со мерките кои ги спроведуваме.
Дезинфицирањето на медија центарот е една од серијата мерки кои активно ги преземаме за да ја зголемиме безбедноста на новинарите при нивното известување“,се вели во соопштениет од Владата.