Нова герила акција на плоштадот „Македонија“ како потсетник на ресторанските гозби на функционерите на минатата влада осамна денес во близина на познатиот ресторан „Пелистер“.
Шницлата од бизон е една од сè почестите герила – акции со уметнички и просторни инсталации, со кои граѓанските активисти упатуваат пораки во предизборието.
Претходно, во главниот град можеа да се видат инсталациите на заробена држава во кафез, Јустиција како „сваровски“ приврзок, големо уво и мобилен телефон како симбол на прислушувањето на над 20.000 граѓани, а слични инсталации се појавуваат и во други градови низ земјата.