На 13.03.2020 во 15.00 часот на бул.„Гоце Делчев“, Ј.Ј.(44) од Скопје, кој управувал електричен мопед „мику макс“, изгубил контрола и удрил во работ на коловозот. По незгодата Ј.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.