„Со тоа што беше се затворено по 18 часот и кафулињата не работеа, младите вчера отидоа на Водно и мораше да интервенира полиција. Не може да има одговорност кај нас како граѓани, ако вие како родители дозволувате тие да излегуваат и да се однесуваат на таков начин. Така не ги штитите ниту децата, ниту себе. Апелирам сите да бидеме одговорни”, рече Спасовски.