ДОМ со осуда за одлагањето на одлуката за продолжување на мораториумот за градење и легализација во Охрид

Зелената партија ДОМ најостро го осудува одлагањето на донесувањето на Одлуката за продолжувањето на мораториумот за градење и легализација на дивоградби од страна на Советот на Општина Охрид. ДОМ бара итно закажување седница на Советот на Општина Охрид и Општина Струга и усвојување на Одлуката. Со носењето на оваа Одлука ќе овозможат спроведување на мерките за заштита утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави