Хиндуистичка група организираше денеска групно пиење урина затоа што веруваат дека кравја урина има лековити својства и може да послужи како превенција од коронавирусот.
„Забавата” беше организирана од групата „Ахил Бахрат Хинду Махасабха” (Сеиндиски хиндуистички сојуз) во седиштето во Њу Делхи на која присуствуваа 200 луѓе.
Експертите во неколку наврати им нагласија дека кравја урина не лекува болести како што се карцином и дека нема докази дека може да спречи заразување со коронавирус.