Ковачевски лаже, Заев ја потроши водата за струја, ќе нема за наводнување и пиење

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Васко Ковачевски

Ковачевски ја манипулира јавноста. Хидроакумулациите се испразнети. Заев потроши повеќе од 2/3 од водата за производство на струја.

Заев ги остави земјоделците без вода за наводнување, последици кои ќе ги чувствуваат во текот на цела 2020 година, а граѓаните ги става под ризик да останат без вода за пиење.

  • Тиквешко езеро е намалено за 70%.
  • Езеро Калиманци е намалено за 75%.
  • Езеро Турија е намалено за 65%.
  • Прилепско езеро е намалено за 85%.
  • Преспанско езеро изгубило вода во количина колку две Дојрански езера.
  • Стрежевско езеро е намалено за 72,5%.

Состојбата е очајна и со Мавровското и Дебарското езеро.

Негрижата на власта ги уништува македонските езера.

Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.

По 12 април следува oдговорно користење на водниот фонд на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави