Париските болници „никогаш не се соочиле со феномен од таква големина”

Одложени операции, попис на расположливите кревети, попис на респиратори … Болниците во Фрација се подготвуваат за „зголемување на тешки случаи од 20 на 30 отсто на ден”, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор на Јавна помош – Болници на Париз (АП-ХП), Мартин Хирш, потврдува во интервју објавено оваа сабота во париски Ле Монд дека неговата институција „никогаш не била соочена со феномен од таква големина”, како коронавирус, но болничките екипи се „подготвени “, вели тој.

-Мислам дека никогаш, во мојата професионална меморија, болниците не се соочуваат со феномен од таква големина со таква брзина и толку голема сложеност, смета тој.

-Од приближно 900 тестови за откривање на Ковид-19, извршени вчера во нашите центри, околу 20 отсто беа позитивни”, истакна тој. Според негом може да има зголемување на тешки случаи од 20 до 30 отсто на ден, што би претставувало 400 пациенти истовремено кои бараат критична нега во парискиот регион во рок од десет до петнаесет дена.

Додека Италија се соочува со обврска да ги „сортира пациентите “, екипите од интензивна нега објаснуваат дека не треба да се интерпретираат одлуките што веќе се донесуваат надвор од кризниот период, како што не се иницира тешка реанимација на пациентите чија прогноза е веднаш неповолна , тврди Мартин Хирш.

На АП-ХП има 1.500 кревети за интензивна нега. Секако, во нормални периоди 90 отсто се зафатени, рече тој, додавајќи дека во петок 13 февруари веќе 44 отсто од операциите кои не се  итни беа одложени. Овие одложувања на операциите не се однесуваат на планирани операции за луѓе кои страдаат од карцином или чекаат трансплантација, и „веројатно не” во педијатрија.

Неколку илјади медицински сестри на крајот од студиите се мобилизирании  и скоро 4000 медицински лица од сите специјалитети, пензионирани помалку од пет години, биле или ќе бидат повикани, рече тој, велејќи дека од нив меѓу  400 до 600 лица би можеле да се согласат да дојдат како засилувања.

Хирш притоа признава:

-Би било лага да се преправаме дека се справуваме со оваа епидемија во најдобри услови. Сите тешкотии што постоеја и што ги препознавме пред ширењето на овој вирус не се магично расчистени. Никој не ги заборава . Но, ако ме прашате дали тимовите на АП-ХП се подготвени, не се двоумам да кажам да.

Во врска со заразата на персоналот, директорот рече дека „биле заразени 56 вработени и дека „се чини дека мнозинството се заразени надвор од болницата”.

Треба да знаете
Последни објави