Согласно препораките на државните институции, СДСМ своите партиски активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.
За таа цел од денеска започнуваме со серијал на видео интервјуа во живо на социјалните медиуми, преку кои граѓаните ќе можат одблиску да се запознаат со нашата понуда но и подобро да ги запознаат носителите на листите и кандидатите за пратеници од победничката коалиција „Можеме”.
Прв гостин е носителот во изборна единица еден – Никола Димитров. Граѓаните во текот на денот може да поставуваат прашања на официјалните страници на Фејсбук на Никола Димитров и на СДСМ, a дел од прашањата на граѓаните ќе бидат поставени кон говорникот во текот на самиот пренос.
https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2654513278095408?__xts__%5B0%5D=68.ARC5ZCzYEt_u7dhDc3aQeKv7YJiT7Lhf7XiEwlDXU6RlfmRuC3mKufgPAdX4XT7wc3TU0nxGWhkJ8XHBMkeWnotmEL8kdyWxkJF4xKxBt6b_HfWlQyyEkK3bbX4l4jMI_KyMSS7fZcwNHgk7ClbzErtEjp7YIbKDWdbkr6NuLaoy__8F3vp4YUz_-q-4rxHnEwgecrj9QVAvFzWZxLU5DzfEpf7Pj9v9tiTaFAhQMPfUAt9i82QbAAo2S1TvlGk1RsZzFRK2gw9S7KXuBXDJU0Efo5beJeE6ewYVvzt-BDF4VRJ7yUfUY1SHrV4A1HuUXyyhtJzLm_ekUlmphe0RmXcpp4dnXHLiejRcro_lS3Xm-kAUKy3Qg0FKpu3GXFMoS16xVA07fCj8SLQQRxT7qchJahOUevop7AFO5ATzmR7i_m9pHhRdr-LHZCs_W7q6_ag_TBqvPasNeiHkETSJTmc7Lo5qjHPKptGf6kj5etc9gw0khcUJNa-ta8xx&__tn__=-R