Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, донесе одлука да ги мобилизира лекарите, а сите медицински професионалци во јавниот и приватниот сектор се ставени во состојба на готовност.
Весникот Слободна Далмација дознава дека е донесена одлука за мерки за мобилизирање и распоред за работа и работно време, промена на местото и работните услови на здравствените установи и нивните работници и приватните здравствени работници. Весникот наведува дека во документот од Министерството за здравство, се вели дека мерките важат за сите лекари и други медицински лица.
Лекар од Загреб објаснил на весникот дека тоа значи дека, доколку ситуацијата е дополнителна комплицирана, за лекарите е воведена практично, работна обврска.