Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предлага отворање донаторска сметка за помош во справувањето со коронавирусот, a функционерите да дадат по најмалку 3.000 денари.
-Апелираме до министерот Венко Филипче, да иницира да се отвори донаторска сметка, од која средствата ќе се наменат за помош каде што ќе се процени дека е потребно од кризниот штаб. За поголем успех во таа акција предлагаме сите вршители на функции да одвојат по минимум 3.000 денари и да ги донираат, иако се надеваме дека ќе бидат и повеќе, секој поединец којшто сака да биде дел да донира колку што му се можностите и да ѝ помогнеме на нашата држава во борбата, се наведува во соопштенито.
Пратениците додаваат дека посебно се обраќаат до фирмите и компаниите кои не се погодени од оваа ситуација.
-Очекуваме брз одговор и нашите мисли се со граѓаните и им порачуваме да ги следат сите препораки за превенција и да бидеме смирени и одговорни, велат од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ