Регионот Ломбардија, во кој живеат повеќе од 10 милиони луѓе, минува низ тешки денови поради епидемијата на ковид-19 што избувна пред три недели.
Во Италија се регистрирани 21.157 случаи, а само во Ломбардија 11.685. Вкупно 1.441 лица починале во цела Италија, од кои 966 лица во областа Ломбардија. Излекувани се 1.966 лица, а бројот на активни случаи е 17.750 од кои 1.518 се во критична состојба.
Градоначалникот на Ломбардија, Атилио Фонтана, потврди дека бројот на починати за жал се зголемува и ситуацијата се влошува.
„Се приближуваме до момент кога нема да можеме да ги користиме одделите за интензивна нега затоа што веќе нема да имаме кревети“, рече Фонтана.
Истакнувајќи дека најголем проблем во регионот е недостигот на распиратори, Фонтана кажа дека е важно да се направи болница со 500 кревети во саемот во Милано.
Анестезиологот, Ивано Рива, од болницата во Бергамо, Ломбардија, изјави дека доколку продолжи досегашниот пораст на заболени, областа нема да издржи.
„Бројот на слободни места се намалува. Интубираме повеќе од седум лица на ден на интензивна нега. Ние работиме постојано. Имаме право да одмориме на секои 14 ден“, рече Рива.