Државата назадува на речи си сите полиња, а граѓаните сметаат дека новата влада приоритетот
треба да го стави на економијата. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното
мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 40,5% сметаат дека новата Влада приоритетот треба да го стави на економијата,
односно на зголемување на платите, подобрување на животниот стандард и условите за
вработување.
На второ место со само 6,9% е здравството. 5,9% сметаат дека приоритет треба да биде судството
а 4% образованието. На останатите области приоритет им даваат помалку од 3% од анкетираните.
44% од граѓаните сметаат дека економијата во Македонија назадува, 24,9% сметаат дека нема
некакви промени додека 24,5% се на ставот дека економијата во Македонија напредува.
Единствена област каде што граѓаните во мнозинство регистрираат напредок е надворешната
политика. 37,9% сметаат дека таа напредува, 35,1% дека назадува а 16,4% се на став дека
состојбата во овој сектор е иста како и порано.
Најголемото мнозинство од граѓаните сметаат дека најлоша е состојбата во областа на борбата со
организираниот криминал и корупцијата.
Повеќе од половина од нив или 55,3% сметаат дека Македонија назадува во борбата со
криминалот и корупцијата. 21,3% сметаат дека состојбата е иста како и порано а 17,7% гледаат
напредок на ова поле.
Слични се бројките и кога станува збор за владеењето на правото. 49,8% сметаат дека состојбите
на ова поле назадуваат, 24,7% дека се идентични како и порано а 18,5% сметаат дека Македонија
во овој сектор бележи напредок.
Над половина од граѓаните не се задоволни ниту со состојбите во здравството, кое заедно со
борбата со криминалот и корупцијата граѓаните го препознаваат како сектор кој има најголемо
назадување. 55,3% од анкетираните сметаат дека состојбите во здравството во Македонија
назадуваат, 20,9% сметаат дека состојбите се исти како и претходно а 17,5% гледаат напредок.
49,5% сметаат дека состојбите се влошуваат во секторот животна средина. 28,4% сметаат дека се
исти како и порано, а само 16% гледаат напредок.
48,7% сметаат дека назадуваат состојбите во образованието, 27,4% не гледаат никаква промена а
16,4% сметаат дека има напредок.
37,8% се на став дека социјалната политика во Македонија назадува, 27,6% дека напредува а
23,8% дека останува иста како и претходно.
Во делот на предизборните програми на политичките партии и нивните ветувања, најголема
поддршка има најавата за ветинг во судството односно целосна проверка на имотите на судиите.
За неа поддршка даваат 85,3% од граѓаните додека само 3,2% се против.
Висока поддршка има и предлогот делата поврзани со корупција на политичари да не може да
застаруваат. За овој предлог поддршка даваат 84% од анкетираните додека само 5,6% се против.
75,5% од анкетираните поддржуваат странски правни експерти да направат ревизија на пресудите
донесени од нашите судови додека само 7,8% се против.
Дури 71,4% од граѓаните поддржуваат да се изврши целосен реизбор на судиите додека против се14,4%.57,1% од граѓаните би поддржале јавниот обвинител да биде странец во случаи поврзани со
корупција, додека 27,3% се против.71% од граѓаните даваат поддршка на субвенциите за привлекување на странски инвеститори додека 14,9% се против.64,2% ја поддржуваат идејата за намалување на јавната администрација додека 21,6% се против.Поделени се граѓаните во врска со идејата за забрана за увоз на половни дизел автомобили. 43,5% поддржуваат ваква забрана додека 42% се против.
72,2% од граѓаните ја поддржуваат идејата за воведување на можност за дополнително
здравствено осигурување кое ќе покрива лекување во приватна болница, додека 14% се против.
82,2% даваат поддршка за зголемување на субвенциите за трето дете, додека само 9,2% се
против.81,1% сметаат дека треба да се зголеми породилното отсуство додека 9,3% се против.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз
репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.