Во Србија се потврдени уште два нови случаи заразени од новиот вирус Ковид-19, бројката стигна до 48 заболени.
Од последните извештаи до 18 часот , тестирани се 15 лица од кои двајца биле позитивни. Позитивните се наоѓаат во своите домови.
Во националната лабораторија Торлак тестирани се вкупно 283 лица кои ги исполнувале критериумите и биле со симптоми на коронавирус.