За дефанзивецот на Лацио, Луис Фелипе е заинтересирана Барселона. Според „Кориере дело Спорт”, Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец пред Серија А да биде суспендиран поради ширењето на коронавирусот.
Претставниците на каталонскиот клуб присуствуваа на натпреварите на Лацио со Парма и со Џенова.
Договорот на дефанзивецот важи до 30 јуни 2022 година, а Италијанците имаат намера да ги интензивираат преговорите за негово продолжување. Во моментов, платата на Бразилецот е помала од 1 милион евра.
Евентуален трансфер на Фелипе во претстојниот трансфер прозорец би ја чинел Барселона околу 20 милиони евра.
Оваа сезона Луис Фелипе одигра 19 натпревари во Серија А за Лацио и постигна еден гол