Филипче: Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно, важно е да се спроведуваат мерките

Нема промена во бројот на заболени од коронавирусот. Состојбата на заболените е непроменета. Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно. Важно е да се имплементираат мерките кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен, изјави министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг”на „Слободна ТВ”.

–  Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни. Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата, истакна Филипче.

Во однос на заболените, Филипче рече дека нивната состојба е непроменета и оти многу внимание се посветува на пацентката која е на респираторна машина.

– Непосредно после поставување на машина, тие параметри кои очекувавме да се подобрат, се подобрија, но тоа не мора ништо да значи. Компликација може да настапи во било кој момент. Нема новопријавени пациенти, нагласи Филипче во емисијата „Утрински брифинг”.

Треба да знаете
Последни објави