Во Голден Стејт загрижени дека Кари има коронавирус

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер призна дека клубот е сериозно загрижен затоа што Стев Кари е заразен со коронавирус.

– Сите бевме многу загрижени дека Стеф може да има коронавирус. Затоа лекарите на тимот сериозно се вклучија во оваа проблематика. Се чувствував виновен затоа што го пуштив на теренот во мечот против Торонто. Потоа, следниот ден учествувавме на овој марш и на некои состаноци. Кога се разболи после тоа, се исплашив. Се чувствував одговорно, затоа што јас го поканив Стеф на овие прослави во Окленд. Но, тој ме увери дека неговата болест не е поврзана со ова, изјави Кер.

На 11 март, НБА лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирус во центарот на Јута Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи не порано од средината на јуни.

Треба да знаете
Последни објави