Коалцијата ,,Никогаш Северна, само Македонија”: Воведување кризна состојба и одложување на изборите

Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” а во пресрет на најавената седница на Советот за безбедност сметаме дека е потребно да се постигне консензус на сите политички субјекти, Владата да воведе кризна состојба на целата територија на државата од 30 дена.

Потребно е во текот на денешниот или трешниот ден Претседателот Пендаровски да ги повика лидерите на политичките партии кои се договорија за одржување на вонредни парламентарни избори како и сите претседатели и претставници на коалициите кои поднесоа листи на кандидати за изборите за постигнување на договор за одложување на изборите за одреден период.

Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” , бареме Bлада итно да воведе пакет мерки насочени кон ублажување на негативните ефекти од епидемијата на корона вирусот врз економијата и здравствената состојба на граѓаните како и врз целокупната состојба во општеството.

  1. Целосно затворање на границите за сите граѓани од други држави и задолжителна 14 дневна излоација за сите граѓаните кои доаѓаат и од државите кои се означени како држави со ниско ниво на ризик, од причина што ситуацијата се менува од час во час,
  2. МНР преку дипломатските и конзуларните претставништва во странство) и Министерството за здравство да се потрудат под итно да им помогнат на нашите граѓаните кои се во други држави, а кои држави имаат воведено забрана за влез и излез да им овозможат на нашите граѓани организирано да си дојдат дома и истите да бидат ставени во 14 изолација.
  3. Бараме итна суспензија на обврската на граѓаните за плаќање на режиски трошоци, даноци и рати за кредит на граѓаните со цел да се намали притисокот врз домаќинствата и малите бизниси.
  4. Бидејќи на банкарите не им текнува ја повикуваме Владата и Народна Банка на Република Македонија да изнајдат законски начин да ги задолжат банките да им помогнат на граѓаните, но и на малите у средни компании кои ќе бидат погодени од последиците на корона вирусот
  5. Бараме извршителите самоиницијативно да ги стопираат сите нивни активности кои се насочени кон наплата на долгови на граѓаните
  6. Бареме да се донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства како и средствата за хигиена кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот.
  7. Бараме одлука за субвеници до 70% од државата за сите погодени компаниии и институции од епидемијата.
  8. Бараме драстични казни од 3000 евра за оние граѓани и 5.000 евра за правните или деловни субјекти кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки и препораки.
  9. Ја поддржуваме одлуката за мобилизиција на целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, како и голема благодатност до сите оние приватните болници кои самоиницијативно го ставиле на располагање сопствените капацитети

во име на Коалицијата

проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Треба да знаете
Последни објави