Влошената ситуација со коронавиросот (Ковид-19) ги натера „Дизни“ и „Нетфликс“ да престанат со своите продукции на филмови и ТВ-серии.
Според The Verge, „Нетфликс“ потврдил дека ја прекинува продукцијата на ТВ-сценарија и филмови во САД и Канада во период од две недели, како резултат на владините ограничувања, и ризици по здравјето и безбедноста.
„Дизни’ соопшти дека донесе одлука да престане со продукција на некои филмови за кратко време, откако ќе се разгледа тековната состојба и најдобрите интереси на актерите и членовите на техничките тимови.