Фаворитот за претседателки кандидат на демократите, Џо Бајден, вети дека ќе избере жена како кандидат за потпретседателската позиција и дека заедно со неа ќе се соочи со Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.
„Многу жени имаат квалитети да станат претседателки во иднина. Јас ќе назначам жена за потпретседател “, рече Бајден во телевизискиот дуел со неговиот ривал за претседателски кандидат на партијата, Берни Сандерс.
Сандерс, исто така, рече дека најверојатно би избрал жена да се кандидира за потпретседател.
„За мене, не станува збор само за назначување на жена, туку станува збор за назначување на прогресивна жена“, рече Сандерс, додавајќи дека е силно наклонет да оди во таа насока, но не се заложи толку цврсто како Бајден.
На почетокот на внатрепартиската трка за претседателски кандидат кај демократите имаше шест жени, рекорден број за таа фаза, но за кратко време трката се сведе на дуелот на Бајден и Сандерс, двајца 70-годишници.