Во Словенија забранета продажба на маски за лице и заштитна облека

Словенечката Влада воведе забрана за продажба на заштитна опрема со цел да обезбеди доволно снабдување со маски за лице, санитарна и заштитна облека за здравствениот персонал и за спасувачите.

Како што се наведува во соопштението од Владата, забраната стапи во сила веднаш со цел да се спречат понатамошните проблеми.

Во Словенија и пред воведување на забраната, последните неколку денови немаша во продажба маски за лице и санитарна облека.

Треба да знаете
Последни објави