Асошиејтид пред (АП) – Њујорк
Со цел да помогне при известувањето за новата зараза од коронавирусот, наречена Ковид-19, Асошиејтид прес (АП) подготви водич врз основа на Правописот на АП и употребата во вести на АП.
Коронавируси
Семејство на вируси, од кои некои предизвикуваат болести кај луѓето и животните. Името го добил поради игличките налик на круна кои се појавуваат на површината на вирусите.
Вирусите предизвикуваат обична настинка или посериозни болести, меѓу кои САРС (тежок акутен респираторен синдром), МЕРС (Блиско Источен респираторен синдром) и Ковид-19. Ковид-19 се појави првпат во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година.
Од почетокот на 2020, фразите како на пример новиот коронавирус или новиот вирус може да се употребуваат кога се споменуваат првпат, а се мисли на Ковид-19, но во вестите мора да се употреби и официјалното име на болеста, проследено со објаснување. Може да се употреби и Ковид-19 ако се споменува болеста за првпат.
Во вестите, членувајте го зборот – коронавирусот
За вестите и делови од вестите кои се однесуваат на научниот аспект на болеста потребна е да се направи појасна разлика.
Ковид-19, кој произлегува од зборовите болеста коронавирус 2019, е предизвикан од вирусот САРС-КоВ-2. Кога треба конкретно да се употреби, прифатливи се фразите вирусот Ковид-19 и вирусот кој го предизвикува Ковид-19. Но, нема да биде точно ако се напише новиот вирус кој се вика Ковид-19, бидејќи Ковид-19 е името на болеста, не на вирусот.
САРС може да се употреби кога се споменува болеста која беше за првпат идентификувана во Азија во 2003. Да се употреби целиот израз тежок акутен респираторен синдром во текот на текстот.
МЕРС може да се употреби кога се споменува за првпат. Да се употреби целиот израз Блискоисточен респираторен синдром во текот на текстот.
Симптомите на Ковид-19 се треска, кашлица и потешкотии при дишење. Повеќето луѓе имаат благи симптоми. Но некои, најчесто луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми, може да имаат посериозни симптоми, како пневмонија што може да биде и фатално.
Не ги преувеличувајте ризиците кои произлегуваат од трите болести, избегнувајте да ги опишувате со смртоносни, фатални и сл.
Центри за контрола и превенција на болести
Центрите за контрола и превенција на болести, со седиште во Атланта, е дел од американското Министерство за здраство. На почеток, употребете Центри за контрола и превенција на болести. Употребете и национални, федерални или на Америка ако е потребно појаснување.
Прифатливо е да се користи кратенката ЦКПБ ако се споменува втор пат.
Смрт, умре
Не користете еуфемизми, како почина, освен ако не се работи за директен цитат.
Болести
Не ги пишувајте со големи букви болестите како рак, леукемија, хепатитис, итн. Кога болеста го носи името на личност или географско подрачје, со голема буква напишете ја само личната именка: Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, вирусот Ебола, итн.
Избегнувајте изрази како на пример „Тој се бори со ракот”, „Таа преживеала срцев удар”. Користете неутрални, прецизни описи, на пр: Тој има рак на стомак, Таа имаше удар.
Епидемија, пандемија
Епидемија е кога болест брзо се шири меѓу една популација или во еден регион. Пандемија е епидемија која се шири низ светот. Не ги употребувајте често и проследете ги со изјави од властите од јавното здравство. На 11 март, Светската здравствена организација прогласи пандемија на Ковид-19.
Период на инкубација
Времето помеѓу инфекцијата и појавата на знаци или симптоми на болест. Периодот на инкубација за новиот вирус е речиси две недели.
Изолација
Болните да се одделат од здравите луѓе за да се спречи ширење на некоја болест. На пример, луѓето заразени со инфекцијата се ставени во изолација во болниците.
Појава и ширење
Кога бројот ќе почне нагло да расте на случаи на некоја болест во конкретно место. Да се употребува само кога има поголем број, а не само кога има неколку случаи.
Карантин
Ограничување на здравите луѓе кои можеби биле изложени на инфекцијата за да се види дали ќе се разболат. На пример, патниците на крузерот „Дајмонд Принцес” во Јапонија биле ставени во карантин.
Ризик
Релативен ризик е ризикот од нешто да се случи на една група во споредба со ризикот да се случи истото на друга група. Најчесто е претставен во соодност во научни студии. Ако нема разлика, соодносот е еден. На пример, ако според некоја студија релативниот ризик на група пушачи да се разболат е 1,5 споредено со група на непушачи, тоа значи дека кај пушачите има веројатност да се разболат од нешто. Таа е 1,5 пати или 50 отсто. Но, не кажува која е веројатноста од двете групи да се разболат. За тоа е потребен апсолутен ризик.
Апсолутен ризик е ризикот од нешто воопшто да се случи. На пример, групата на непушачи од претходниот пример можеби има шанси да се разболи 4:100, додека шансата кај пушачите е 6:100. Друг пример: лек кој го продолжува животот за 50 отсто (релативен ризик) – тоа звучи импресивно, но тоа може да значи дека би се добиле шест месеци во просек повеќе со третман, наспрема четири месеци без третман. Читателите заслужуваат да ги имаат двете видувања на резултатите.
Светска здравствена организација
Специјализираната здравствена агенција на Обединетите Нации, со седиште во Женева. Организацијата одредува меѓународно прифатени упатства како да се третираат болестите и ги координира напорите на здравствените власти за спречување на појави на болести на глобално ниво. Кратенката СЗО се користи кога се спомнува втор пат.