Јапонски суд го осуди на смртна казна со бесење поранешниот вработен во старечки дом кој со нож уби 19 хендикепирани лица и повреди други во најтешкиот масовен напад во Јапонија.
Окружниот суд Јокохама го осуди 30-годишниот Сатоши Уематсу за убиство и повреда на 24 штитеници и двајца негуватели во домот Jamемајури во јули 2016 година. За време на истрагата и судењето, Уемасу тврдеше дека не жали и дека се обидувал да му помогне на светот убивајќи луѓе за кои мислел дека се товар.
Групите за човекови права изјавија дека неговите ставови ја одразуваат врежаната предрасуда во Јапонија кон лицата со посебни потреби.Судскиот процес се фокусираше на неговата ментална состојба кога е сторено кривичното дело, но главниот судија го одбил барањето на одбраната да го ослободи бидејќи бил психички неспособен поради предозирање со марихуана.