Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за утре има закажано видео-конференциска седница со сите 55 земји членки на кои треба да се донесе заклучок околу продолжувањето на сезоната и организацијата на ЕП-2020, кое треба да се одржи од 12 јуни до 12 јули годинава. Како наближива оваа средба и донесувањето на одлуката се поголем е притисокот кон УЕФА да го одложи ЕП. Функционерите на моќните федерации Италија и Германија кои се и најмногу погодени од коронавирусот вршат најголем притисок за одлагање на ЕП.
-Ќе и предложиме на УЕФА да го одложи ЕП. Ќе се обидеме да го завршиме првернството во Серија А бидејќи е коректно тоа да се случи кон нашите клубови порадии инвестиициите кои ги имаат напревно – вели Габриел Гравина, претседеталеот на на ФФ на Италија.
Покрај Италија јавно за одлагање на ЕП се поризнесува и Германија.
-Цврсто веруваме дека континеталниот собир ќе биде оддложен. Повеќе ќе информации ќе имаме по утрешниот состанок – вели Фридрих Куртиус, генералниот секретар на ФФ на Германија.
Изминативе денови се лицитира и со евентуалните нови термини за одржување на ЕП. Според овие неофицијални најави во игра се два термини. Според првиот ЕП би се организирало во зимската пауза, во декември, што е малку веројатно, бидејќи ќе се загрози натпреварувачкиот календар на клупската сцена.
Втората опција е ЕП да се помести за во летниот период во наредната година, но за оваа опција треба да се согласи и ФИФА кој планира идното лето да го организира првото Светско клупско првенство во нов формат со 24 ученици.
Додека учесниците на јубилејното издание на ЕП-2020 кое ќе се игра во 12 града ширум континетот размислуваа за одлагање, ФФ на Македонија испрати барање за одлагање на полуфиналните мечеви од Лигата на нации преку која се надева дека ќе стиген до историски настап на континеталниот собир. Македонија игра полуфинале со Косово закажано за 26 март, а потоа следува завршниот чекор-финале со подобриот од Белорусија-Грузија.