Шварценегер во изолација со пони и мазга апелира до луѓето да останат дома

Познатиот актер Арнолд Шварценегер ги повикува луѓето, особено постарите, да останат дома во изолација.

Терминаторот одлучи да остане дома, во самоизолација, за да се заштити од коронавирусот.

Во домашниот карантин, друштво му прават неговите миленичиња, пони и мазга.

„Останете дома колку што е можно повеќе. Слушајте ги експертите, игнорирајте ги мороните. Ќе го поминеме тоа заедно“,напиша Арнолд Шварценегер.

Тој нагласи дека особено постарите луѓе не треба да излегуваат надвор, додека ги хранеше со моркови и ги гушкаше ги своите миленици.

Треба да знаете
Последни објави