Владата со над 300 милијарди круни ќе ја помага шведската економија

Владата на Шведска денеска претстави пакет мерки во висина од 300 милијарди шведски круни (30,94 милијарди долари) за поддршка на економијата поради пандемијата со новиот коронавирус.

пакетот мерки предвидува и Владата во целост да ги преземе трошоците на компаниите за боледувањата во април и во мај, како и голем дел од расходите за отпремнина поради привременото отпуштање на вработените поради кризата.

Шведската авиокомпанија САС, што делумно е во државна сопственост, вчера соопшти дека привремено ќе отпушти 90 отсто од вработените.

Најголем издаток за државната каса ќе произлезе од одлуката на компаниите да им се овозможи плажање на даноците и ДДВ до една година и тоа ретроактивно од почетокот на 2020 година. според шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, тоа на краток рок може да ја чини државата и до 300 милијарди круни.

Шведска претходно најави дека ќе ги помогне локалните власти со дополнителни средства со цел да им помогне во борбата против епидемијата со Ковид-19, додека Централната банка обезбеди 500 милијарди шведски круни за заеми за компаниите преку банкарскиот систем.

Треба да знаете
Последни објави