– Не се тестирајте со алтернативни начини на тестирање. Не сите се со висок степен на точност. Доволно е граѓаните да се свесни да пријават дека постои здравствена потреба, а епидемиолозите нека кажат дали треба или не да се прави тестот согласно податоци, историјата на болеста, состојбата и тн. – одговори Филипче на новинарско прашање во врска со појавата на разни понуди за тестирања за присуство на коронавирус.
Тој најави и дека ќе се ослободува од работа и по еден родител на децата со цистична фиброза.