„Здравјето на граѓаните е поважно од било која политичка калкулација, така да во име на Движењето БЕСА се придружуваме кон повикот за откажување на парламентарните избори за посоодветен датум и период, каде што ризикот од вирус СОVID-19 ќе биде целосно отстранет“, вели претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами, за одложување на изборите.
Според него, најголема победа е заштитата на здравјето на нашите граѓани. „Апелирам до сите граѓани да се придржуваат кон препораките на здравствените институции и заеднички да помогнат во изолирање и целосно елиминирање на оваа пандемија“, вели Касами.