Хонг Конг почнува клинички тестови за потенцијален лек за коронавирусот

Лекарите од Хонг Конг почнуваат со клиничко испитување на експерименталниот лек „ремдесевир“, кој се смета за потенцијално ефикасен во борбата против инфекцијата со коронавирус, пренесува ТАСС.

„Етичката комисија на Хонг Конг го одобри клиничкото испитување на „ремдесевир“ во државните болници во Хонг Конг. Подготовката за испитувањата е завршена и болниците „Принцес Маргарет, „Принц оф Вејлс и „Квин Мери“ ќе почнат со регрутирање пациенти“, изјави портпаролката на Регулаторното тело за болници во Хонг Конг.

Лекот првично е развиен од компанијата „Гилејд сајансес“, американска фармацевтска компанија, за борба против вирусот ебола и други болести. Лекарите веруваат дека може да биде ефикасен и во лекувањето на инфекцијата со новиот коронавирус.

Клинички тестови на овој лек кај пациенти со КОВИД-19 веќе се во тек во Кина, резултатите се очекуваат до крајот на април. Во меѓувреме, тајванските научници од неодамна го синтетизираат „ремдесевир“ самостојно, во случај да се докаже неговата ефикасност против коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави