Пациентка со коронавирус избега од московската болница, лекарите бесни поради несовесното однесување

Се чини дека некои Руси навистина не сакаат да бидат ставени во карантин поради Ковид-19. По популарното бегство од болницата во Санкт Петербург минатиот месец, една московска пациентка решила да го следи примерот, пренесува РТ.

„Очигледно незагрижена дали ќе зарази некој друг во главниот град, една жена за која се верува дека има коронавирус избегала од медицинска установа“, вели Денис Проценко, главен лекар во московската болница „Комунарка“.

„Морам да се справувам со несовесното однесување на хоспитализирани пациенти кои не ја разбираат ситуацијата и опасноста од ширење на Ковид-19 во градот“, рече тој.

Проценко исто така ги замоли жителите на Москва да покажат граѓанска свест.

„Најлошо е што од моментот на неовластено заминување до нивното откривање од страна на полицијата, ваквите пациенти претставуваат биолошка закана за ширење на вирусот. Уште еднаш, ги повикувам нашите пациенти да бидат опуштени и посвесни и ние ќе продолжиме да работиме за вас“.

Според извештаите на медиумите, жената на крај била вратена на лекување. Полициски извор за московскиот весник РБЦ изјави дека полицијата ја пронашла пациентката во нејзниниот стан во западниот дел од Москва.

Треба да знаете
Последни објави