Франција: Дваесет луѓе на суд за нападите во Париз од 2015 година

По истрага што траеше 4,5 години, 20 луѓе ќе бидат изведени пред суд поради нападите во Париз во 2015 година. Во нив загинаа 130 луѓе и стотици беа ранети, јави дописникот на МИА.

Меѓу лицата упатени до специјалниот суд, 11 во моментот се наоѓаат во притвор (меѓу кои и Салах Абдеслам, единствениот член кој сè уште е жив од терористите од 13 ноември, 3 се под судска контрола и 6 се предмет на налог за апсење (вклучително и браќата Клен, за кои се претпоставува дека се мртви).

Судскиот процес за овие смртоносни напади, во кои загинаа 130 луѓе, треба да започне во јануари 2021 година и ќе трае шест месеци. Рочиштето се најавува како вонредно, бидејќи 1.765 физички и правни лица се придружија на тужбата, а се очекува да бидат присутни стотици адвокати и новинари

Треба да знаете
Последни објави