Мицкоски на средба со Тана де Зулуета и Мартина Баркер Циганкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Генералниот секретар Игор Јанушев и советникот за надворешна политика Стефан Андоновски денеска (16.03.2020) остварија средба шефицата на Мисијата за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Тана де Зулуета и заменик шефица на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР Мартина Баркер Циганкова.
На средбата се разговараше за актуелната политика ситуација во Македонија и предвремените парламентарни избори при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека со цел заштита на здравјето на граѓаните потребно е одлагање на истите.
Мицкоски потенцираше дека ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и граѓаните, бидејќи сите препораки на релевантните домашните и светските организации се дека најдобар одговор во справување со вирусот е одбегнување на активности и задржување во домовите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за таа цел утрово побара свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните, бидејќи потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата.
Мицкоски додаде дека секој човечки живот вреди и затоа нема да дозволи да се загрози животот на македонските граѓани кои по преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ треба да очекуваат одговорност за водење на државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ воедно нагласи дека владата треба да ги прифати економските мерки и понудената рака на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Македонија не смее да си дозволи стотици банкротирани компании, а овие мерки се неопходност за спас на македонската економија.

Треба да знаете
Последни објави