Владата ги замрзна цените на основните продукти
Вечерва Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони сретства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. Оваа одлука влегува на сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник“.