„5 минути факти“ : Законот за јазиците сѐ уште соодветно не се применува

Две години откако се донесе Законот за употреба на јазиците, фактите покажуваат дека во дел од институциите, сѐ уште нема промена на таблите, печатите, и на нивните интернет страни. Ова е темата која ја обработи новинарската екипа на „5 минути факти“, во третата епизиода.

Обрасците во Централниот регистар во Тетово, сѐ уште не се преведени на албански јазик, а и интернет страницата на Централниот регистар е еднојазична, истражи екипата на „5МФ“ од Тетово. На интернет страницата на МВР, во одделот за граѓански барања, делови исто така не се преведени на албански јазик. Слична е состојбата и на веб страницата на Општина Крушево, каде што живее 21 процент албанско население. Ниту таму информациите не се преведени на албански. Делови на страницата на Општина Струга остануваат недостапни за македонска подддршка.

За „5 ФМ“ на делови од Законот реагираше и Венецијанската комисија. Од таму велат дека дале забелешки до Владата, но сѐ уште немаат одговор дали ќе ги применат нивните забелешки. Над 600 институции се релативно подготвени за применување на Законот, велат од Агенцијата за спроведување на законот за јазици. Актуелната состојба со коронавирусот ќе ги одложи обуките за преведувачи и лектори.

Фатимир Есеми, директор на Инспекторатот за примена на јазикот апелираше до сите граѓани да доставуваат претставки до Инспекторатот, кои како што вели тој ќе им бидат одговорени штом институцијата соодветно се екипира.

„Пет минути факти“ се емитува секој понеделник во 18 часот во вестите на Канал 5. На следниот линк, погледнете ја целата емисија:

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/252279252443341/

Треба да знаете
Последни објави